Медицински сестри во САД се против одлуката вакцинираните да не носат маски

Фото: Genaro Molina/Los Angeles Times / Shutterstock Editorial / Profimedia

Најголемиот синдикат на медицински сестри во САД ја осуди препораката на Центрите за превенција и контрола на болести дека целосно вакцинираните лица не треба да носат маски во затворено и на отворено, освен ако не се бара со локални регулативи.

– Новите препораки на ЦДЦ не се научно засновани, тие не го штитат јавното здравје, тие ги загрозуваат животите на нашите пациенти, медицински сестри и други здравствени работници низ целата земја, изјави Бони Кастиљо, шеф на синдикатот на медицински сестри.

Синдикатот смета дека не е време да се релаксираат превентивните мерки и дека е „срамота” ЦДЦ да го стори токму тоа среде пандемија.

Претседателката на синдикатот, Џин Рос рече дека „никогаш немало да бидат издадени нови упатства доколку ЦДЦ навистина има научни докази за тоа како се пренесува вирусот”.

Синдикатот ја повика Администрацијата за безбедност и здравје (ОСХА) веднаш да издаде кодекс на однесување за заразни болести и предупреди дека доколку ОСХА не издаде такво упатство веднаш, ќе се види повторно заразување и смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот