Мечката Грејзер е новиот победник на Неделата на најдебелите мечки на Алјаска

мечка кафеава EPA-EFE/

Веќе трета година по ред, жителите на Алјаска ја прославуваат Неделата на дебелата мечка. Секоја година, тие ја избираат најдебелата мечка која претходно ја пријавуваат, пишува Би-Би-Си.

По многу очекуваниот резултат, гласачите неделава го изгласаа новиот победник. Тие ја избраа 128 Грејзер, мечка која првпат е добитник на оваа титула. Таа ја победи второпласираната 32 Чанк со повеќе од 85.000 гласови.

„32 Чанк, докажа дека дека е одличен натпреварувач, но на крајот победи Грејзер“, велат од службата на паркот.

Неделата на дебелите мечки, онлајн настан основан во 2014 година од поранешниот чувар на паркови Мајк Фиц, стана интернет сензација, привлекувајќи милиони гледачи секоја година.

Секоја година, обожавателите го избираат својот миленик од 12 дебели кафеави мечки од националниот парк Катмаи во Алјаска, кои се собрале покрај реката Брукс за да ловат лосос, подготвувајќи се за зимскиот сон.

Оваа година, Грејзер доби неверојатни 108.321 гласови, на страната Explore.org, кој го следи натпреварот. Мечката која е со две младенчиња е една од најдебелите мечки што ловеле лосос во реката Брукс, соопшти Службата за национални паркови.

Од паркот веруваат дека таа се родила во 2005 година, и оттогаш станала една од најуспешните ловци на лосос.

Службата за националниот парк објави дека Грејзер често превентивно се соочувала и напаѓала многу поголеми и подоминантни машки мечки за да се осигура безбедноста на нејзините младенчиња.

Нејзиниот последен ривал, Чанк откако се разбудил од зимскиот сон, прераснал од прилично повлијателна мечка во еден од најголемите и најдоминантните мажјаци околу реката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот