Мажите за тројка во кревет: „Сопругата уживаше да ме гледа додека имам секс со други жени“

Фото: Profimedia

Еден корисник на платформата Редит неодамна започна дискусија со останатите машки членови на темата: „Секс во тројка – како вашата врска преживеа по овој чин?“.

Па, момците биле брутално искрени. Тие откриле неколку интересни детали за тоа како изгледале нивните тројки и што се случувало потоа.

„Се почувствував како предмет“

„Јас бргу сфатив дека ме гледаат како  предмет. Ги допирав или ги бакнував кога тоа беше потребно, го вклучував и го исклучував климатизерот во зависност од тоа кому му беше топло, односно ладно. И добив едно големо – ништо. Двете жени не ми го дадоа вниманието на кое се надевав.“

„Таа гледаше во мене и во мојата сопруга“

„Случајно завршивме во тројка со нејзината најдобра пријателка. Тоа воопшто не беше планирано. Не знаевме што треба да правиме, ниту какви се ‘правилата’. Поголемиот дел од времето, таа нѐ гледаше мене и сопругата како имаме однос. На крајот, си заминавме без збор. Разговаравме малку за тоа, па сѐ „пикнавме под тепих“. Ние сме четири години во среќен брак и одлично ни е.“

„Беше грозно, но имав 17 години“

„Јас имав тројка со мојата девојка и со уште една жена. Беше ужасно. Накратко, не ми се допаѓаше таа нејзина другарка. Изгледаше добро, но беше навистина глупава. Толку многу ја мразев таа жена, што нејзиниот допир воопшто не ме возбудуваше. Се согласив само затоа што имав 17 години и бев ‘напален’.“

„Секс со две поранешни девојки“

„Имав секс со две девојки со кои претходно се забавував во различни периоди. Тоа беше нивна идеја и не би ги повторил тоа. Всушност, на крајот имав секс со само една од нив. Тие две немаа никаква интеракција, не се ни погледнаа, а тоа е приближно две третини од фантазијата.“

„Сопругата уживаше да ме гледа додека имам секс со други жени“

„Имавме повеќе тројки за време на нашиот десетгодишен брак. Тоа успеваше бидејќи мојата сопруга беше откачена и сакаше да ме гледа додека имам односи со други жени. А, кој сум јас да ја лишам од тоа? Работата е што таа ‘лудост’ е интересна кратко – во одреден момент сè што сакаш е само малку нормалност. На крајот,  се разведовме затоа што имаше премногу ‘лудост’ во сè – не само во тројките.“

„Период на најдобриот секс“

„Разговаравме за тоа со месеци, отворено комунициравме и го истражувавме секое сценарио што можевме да го замислиме. Таа беше љубопитна, а јас немав намера да ѝ кажам не. Сè помина добро. Таа ми кажуваше што да правам. Гледањето на мојата девојка со друга жена ми беше исклучително секси. Тогаш бевме и во периодот на нашиот најдобар секс, а отвореноста играше голема улога во тоа.“

„Другата жена беше љубоморна на мојата сопруга“

„Мојата поранешна сопруга беше бисексуалка и не беше љубоморна личност. Доведовме друга жена (нашата најдобра пријателка) во нашата врска на неколку години и како резултат – имавме неколку тројки. На крајот реков ‘не’ на понатамошните тројки бидејќи навистина не се чувствував пријатно. Подоцна прекинавме со другата жена. Таа стана малку љубоморна на мојата тогашна сопруга и се обиде да нè раздели. Но, нашиот брак никогаш не наиде на проблем поради тоа. Сепак, се договоривме дека ќе продолжиме да бидеме моногамни и се држиме до тоа. На крајот се разведовме, но од сосема други причини.“

„Тројката ја спаси нашата врска“

„Всушност, нашата прва тројка ни ја спаси врската. Ја коментирав нејзината пријателка бидејќи бевме скарани, и иако тоа беше невкусно, таа го направи тоа. Таа е бисексуална и сексот во тројка беше одличен начин да има секс со жена без ‘чувство на вина’. Тоа нè поврза повторно и оттогаш го направивме тоа уште неколку пати. Во основа сакаме да го правиме тоа заедно. Исто така, имавме тројка и со уште еден маж и тоа беше првпат да ми дозволи анален секс. Таа е толку секси жена, одлична мајка, а наскоро почнува и сопствен бизнис. Доколку некогаш ме остави, јас едноставно ќе умрам зошто ниту една друга жена нема шанса да се спореди со неа.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот