
Мажите ги открија своите најсилни ерогени зони: На жените овој дел од телото не им паѓа напамет, а камоли да го допрат!
Машкото тело е мапа на ерогени зони кои треба само да знаат да се прочитаат. Освен веќе вообичаените потпалувачи на страста, вашиот партнер ќе реагира и на најнежните допири на некои, досега запоставени делови од телото.
Препорачано
Ќе бидете мошне изненадени кога ќе откриете кои се ерогените зони на повеќето мажи.
Истражувањето покажало дека 79 отсто од мажите не ги сметаат интимните делови од телото за воопшто највозбудливи.
Дури 79 отсто мажи изјавиле дека една од нивните најголеми ерогени зони е брадата. Потоа доаѓаат вратот, долниот дел на стомакот и внатрешниот дел на бедрата.
Освен тоа, повеќето мажи, дури 75 отсто, обожаваат предигра и сакаат да бидат психички стимулирани.
Само пет отсто од мажите во истражувањето признале дека никогаш немаат предигра, туку веднаш скокаат во акција. Повеќето, исто така, сакаат жените да преземаат иницијатива во креветот.
Долните стомачни мускули
Почнете од папокот, потоа насочете ги движењата надолу. Со стимулација на кожата од овој дел на телото сигурно ќе ја зголемите сексуалната напнатост и ќе го ставите мажот на „слатки маки“. Колку подолго ја градите тензијата, оргазмот ќе биде посилен.
Внатрешниот дел од бутовите
Кога станува збор за овој дел од телото, можете да го примените истиот рецепт како и кај претходното – натерајте го партнерот да исчекува. Полека милувајте го со врвовите од прстите, од пределот на колената сè до внатрешноста на бутовите, па наназад. Немојте веднаш да ја допирате неговата „жешка зона“, туку испитајте колку долго може да го истрпи вашето поигрување.
Врат
Допирањето или бакнувањето на вратот може дополнително да ја загрее атмосферата. Особено е чувствителен делот помеѓу вратот и клучната коска, па мажот сигурно нема да одбие ако жената се обиде да го бакне баш тоа место. Најдобро е да се прави комбинација од повеќе работи одеднаш, допирање на вратот со бакнување на ушната ресичка.
Уши
Многу мажи обожаваат кога жената ќе им ги допира ушите. Тие честопати се заборавен дел од телото, па партнерот сигурно ќе се изненади ако му ја бакнете ушната ресичка. Масажата по должината на ушната школка исто така може да биде сексуален поттик.
Пределот зад колената
Допирањето на ова место кај повеќето луѓе предизвикува скокот, но кога ќе се загреат работите, подрачјето зад колената може да се претвори во вистинска ерогена зона. Кожата на тоа подрачје е нежна и мека, па со самото тоа и чувствителна на бакнежи и допири. Тоа исто својство го имаат и другите делови на машкото тело кои не се покриени со влакна.
Очни капаци
Освен тоа што кожата на очните капаци е потенка и почувствителна од остатокот на телото, она што го прави овој предел ерогена зона е фактот дека кога на мажот му се затворени очите, жената има потполна контола над него, а тоа многу го возбудува. Клучот е во тоа да се биде нежен – да се допираат капаците со врвовите од прстите и лесно да се бакнуват, без притискање.
Чело
На прв поглед, челото можеби не делува како ерогена зона, но верувајте, може да биде. Врвот на челото, односно таму каде што почнува да расте косата, полн е со нервни завршетоци, па масажата на овие точки сигурно нема да го остави мажот рамнодушен.
Стапала
Мажите обожаваат масажа на стапалата. Затоа изненадете ја саканата личност со нежна масажа со која ќе стимулирате разни точки на стапалата. Споед тврдењата од областа на рефлексологијата, петиците содржат точки кои се одговорни за сесуалното задоволство, па никој не треба да ги запостави. Некои мажи особено ќе се возбудат ако ги ставите нивните стопала на вашите гради.
Излегува дека мажите се почувствителни отколку што се мислеше…