Маж во Хонг Конг се обидел да шверцува кокаин во инвалидска количка

Маж во Хонг Конг се обидел да шверцува кокаин во инвалидска количка / Фото Полиција на Хонг Конг

Службениците на меѓународниот аеродром во Хонг Конг откриле 11 килограми кокаин скриени во задниот дел на електрична инвалидска количка. Во задниот дел на електрична инвалидска количка е пронајден плен вреден околу 1,5 милиони долари, пишува Би-Би-Си.

Аеродромските службеници го пронашле кокаинот кога 51-годишникот минувал на царина. Сега му се заканува доживотен затвор доколку биде осуден за трговија со дрога.

Човекот рече дека е менаџер на компанија за изнајмување автомобили и дека еден пријател му ја позајмил инвалидската количка. Аеродромските службеници се посомневале откако виделе дека задната страна на инвалидската количка е повторно зашиена, па решиле да проверат дали има нешто внатре. После тоа пронашле кокаин и била покрената истрага. Царинските службеници соопштија дека ќе ги засилат проверките на посетителите од областите со висок ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот