Маж со автомобил упаднал во Апостолската палата на Ватикан

Маж со автомобил синоќа го пробил обезбедувањето на капијата на Ватикан, стигнувајќи до централниот двор на Апостолската палата, по што и се предал на полицијата, соопшти денеска Ватикан.

Човекот со својот автомобил минал низ портата на Света Ана и стигнал до дворот на Сан Дамасо, каде што се наоѓа Апостолската палата во која живееле претходните папи и каде папата Франциск сè уште одржува официјални состаноци.

Се додава дека припадник на швајцарската гарда пукал во автомобилот со пиштол.

Британските медиуми јавуваат дека зад воланот бил маж на околу 40 години и дека бил во „нестабилна психичка состојба“, како и дека не се приближил до зградата од другата страна на дворот каде што живее папата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот