Маж пронајден починат на нива до трактор во Дреново

брза помош сообраќајка

На нива во село Дреново, Кавадаречко, до трактор „ИМТ 539″, вчера бил пронајден починат И.Ј.(71) од селото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека случајот вчера околу 17.00 часот бил пријавен во Полициска станица Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител од Кавадарци, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот