Маж од Крива Паланка фрлил молотов коктел врз куќата на сопругата од која се разведувал

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Средовечен маж од Крива Паланка на вториот ден од новата година фрлил шише со запалива течност пред домот на неговата сопруга, со која се во процес на развод, соопшти полицијата.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.А.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 02.01.2023 пред домот на неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка, тој фрлил шише со запалива течност и предизвикал експлозија“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот