Матичните лекари ќе добијат повеќе пари, властите попуштија по месеци преговори

матични лекари протест (1)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Матичните лекари ќе добиваат повеќе пари од Фондот за здравство за услугите кои им ги даваат на пациентите, соопшти денеска Министерството за здравство. Одлуката доаѓа по повеќе месеци преговори меѓу властите и лекарските здруженија, кои неколкупати штрајкуваа или се закануваа со штрајк со ова барање.

„На иницијатива на Министерството за здравство и по повеќемесечни заложби и разговори со Лекарската комора, Стоматолошката комора, Здружението на приватни лекари и други стручни здруженија од фелата, донесена е одлука од 1 јануари, 2023 година да се зголеми вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари – стоматолози, бодот се зголемува од 48,00 на 61 денари по прикрепено осигурено лице“, велат од МЗ.

Зголемувањето на капитацискиот бод на избраните лекари по општа медицина, гинекологија и стоматологија е со цел унапредување на статусот на матичните лекари и на примарната здравствена заштита, додаваат од министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот