
Математиката вели – нè очекува пеколно дерби во осминафиналето на Лигата на шампионите
Познати се 15 учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите, последното место ќе го пополни или Виљареал или Аталанта, а статистичарите веќе се занимаваат со потенцијални парови во нокаут-фазата.
Препорачано
Според проценките, најголеми шанси за средба во осминафиналето имаат Реал Мадрид и Челси, дури 32,32%. Двете екипи се сретнаа во април во полуфиналето, Тухел му одржа час по фудбал на Зидан и се пласираше во финалето каде го победи Сити.
Реал има голема шанса да го извлече и ПСЖ, 19,39%, објавија шпанските статистичари.
Важно е да се истакне дека Челси како второпласиран не може да игра против англиските тимови – Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Ливерпул, како и Јуве со кој беше во групата, па шансите да се сретнат со Реал се многу поголеми. Потенцијални ривали на Челси покрај Реал се уште Баерн, Лил и Ајакс.
Што се однесува до Атлетико Мадрид, според математиката е помеѓу Манчестер и Торино. Доколку Виљареал ја прескокне Аталанта, шансите Атлетико да оди во Јунајтед или Сити се 18,53%, колку што е и потенцијалниот дуел со Јувентус. Шпанските статистичари исто така истакнаа дека шансите Атлетико да се сретне со Јувентус ќе се зголемат на 22,25% доколку Аталанта го помине Виљареал.
Да потсетиме, во првиот шешир се – Манчестер сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Лил и Јувентус. Во вториот шешир се – ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Салцбург и Челси, а треба да им се придружи или Виљареал или Аталанта кои ќе се сретнат вечерва од 19.00 часот.
Во групата „Ф“ Манчестер јунајтед го освои првото место, втор е Виљареал со седум, пред Аталанта која има шест, а последен заврши Јанг Бојс (пет).
Во понеделник напладне е закажана жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите.
ВИДЕО: Барселона за прв пат по 21 година нема да игра осминафинале во ЛШ