ВИДЕО: Барселона за прв пат по 21 година нема да игра осминафинале во ЛШ

Барселона настапите ќе ги продолжи во Лигата на Европа/ фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Екипата на Барселонана суров начин, со убедлив пораз од 3:0 на гостувањето кај Баерн Минхен, за прв пат по 2000 година испадна во групната фаза во Лигата на шампионите и настапите ќе ги продолжи во Лигата на Европа.

Барселона можеше и со пораз да се протне во осминафиналето доколку Бенфика не победеше против Динамо Киев, но португалскиот тим славеше со 2:0 и ги прескокна каталонците на табелата.

На Баварците иако не им беа потребни бодовите, без поголеми проблеми ја совладаа Барселона. Резултатот го отвори Томас Милер во 34 минута. До крајот на првиот дел, Лерој Сане го зголеми водството на Баерн, а конечниот резултат го постави Мусиала во 62 минута.

Бенфика со головите на Јаремчук и на Жилберто го совлада Динамо Киев и на крајот го освои второто место во групата Е.


Салцбург и Лил уште во претходно коло го обезбедија пласманот во осминафиналето, а вечерва ги потврдија првите две позиции на табелата. Австрискио тим со голот на Окафор славеше над Севиља, додека францускиот шампион со 3:1 славеше на гостувањето кај Волфсбург.


Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, одлучи да одмори поголем дел од ѕвездите против Јанг Бојс бидејќи првото место на табелата беше претходно обезбедено. На крајот Јунајтед одигра 1:1 против швајцарскиот тим кој пак испадна од Европа.

Резултати:

Група Е
Баерн Минхен – Барселона 3:0
Бенфика – Динамо Киев 2:0
Табела: Баерн 18, Бенфика 8, Барселона 7, Динамо Киев 1.

Група Ф
Манчестер јунајтед – Јанг Бојс 1:1
Аталанта – Виљареал одложено
Табела: Манчестер јун. 11, Виљареал 7 (од 5 натпревари), Аталанта (од пет натпревари), Јанг Бојс 5.

Група Г
Волфсбург – Лил 1:3
Салцбург – Севиља 1:0
Табела: Лил 11, Салцбург 10, Севиља 6, Волфсбург 5

Група Х
Зенит – Челси 3:3
Јувентус – Малме 1:0
Табела: Јувентус 15, Челси 13, Зенит 5, Малме 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот