Маслиново масло драстично скапо, салатата ќе се зачинува „капка по капка“

маслиново масло
Фото: Unsplash

Екстра девичанското масло во македонските маркети надмина 900 денари за литар. Годишната потрошувачка на овој вид масло е само 1,5 литри и македонските семејства во кујната го користат она од сончоглед. Македонија увезува најмногу маслиново масло од Грција и Италија, а нешто помали количества од Шпанија, Турција и Албанија, но трговците за „Слободен печат“ велат дека есенва се најавува ново поскапување на овој производ

Литар маслиново масло добиен од семки и од лушпи во домашните маркети стигна до 300 денари, истиот производ во стаклено шише веќе се продава по цена од 600 до 700 денари, а екстра девичанското масло надмина 900 денари за литар. За среќа па годишната потрошувачка на овој вид масло е само 1,5 литри и македонските семејства во кујната го користат она од сончоглед. Македонија увезува најмногу маслиново масло од Грција и Италија, а нешто помали количества од Шпанија, Турција и Албанија, но трговците за „Слободен печат“ велат дека есенва се најавува ново поскапување на овој производ, поради лошата сезона на грчките маслинкари, кои најавија дека годинава ќе имаат 100 илјади тони помалку маслинов зејтин поради климските промени.

Грција најверојатно ќе произведе околу 200.000 тони маслиново масло оваа година, по минатогодишната жетва од над 300.000 тони, изјави Јоанис Камбурис, производител во регионот Коринтија на североисточниот Пелопонез, цитиран од независниот Oлив Оил Тајмс. Причини за падот се топлото време, ниското ниво на плодност и појавата на вински мушички. Овошните мушички се исто така значајна закана во регионот на Лаконија, Јужен Пелопонез, изјави Јоанис Ралис од локалната дирекција за аграрна економија. Во меѓувреме, на островот Крит експертите предупредуваат на една од најлошите жетви на маслинки во историјата на островот, јави БТА.

-Со наглото покачување на температурите „изгореа и паднаа првите цветови на дрвјата“, велат експертите и следната година во околината нема да има маслинки. Поради ова, Геласкакис ги советува луѓето да го складираат овогодинешното маслиново масло и за 2024 година.

Во меѓувреме Турција од 1 август го забрани извозот на нефлаширано маслиново масло и маслиново масло во буриња. Според изданието „Економим“, турското Министерство за трговија прво усно ги известило Здруженијата на извозници на маслиново масло за воведената забрана за извоз. Забраната за извоз на маслиново масло ќе важи до 31 октомври годинава. Се наведува дека одлуката е донесена откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган бил информиран за цената на маслиновото масло, која била многу висока. Како резултат на тоа, тој наредил да се запре извозот на маслиново масло за луѓето да можат да го консумираат производот по поприфатлива цена. Цената на литар екстра девствено маслиново масло во продавниците на Министерството за земјоделство се движи меѓу 199 турски лири (околу 7,5 евра) и 279 турски лири (9 евра).

ЕК најавува 40 отсто намалено производство на малсиново масло

Според проценките на Европската комисија, производството на маслиново масло во јужна Европа во периодот 2022-2023 година ќе се намали за 40 отсто во споредба со 2021-2022 година поради сушата и другите проблеми поврзани со климатските промени, пишува либре.гр. повикувајќи се на прогнозите дека производството ќе падне на 1,391 милиони тони од 2,272 милиони тони минатата година. Според податоците на Комисијата, во средината на јули просечните цени на производителите на екстра девственото маслиново масло во ЕУ биле околу 6 евра за килограм, објаснува агротипос.гр. Во Грција производните цени на екстра девственото маслиново масло достигнаа 7,2 евра за килограм, со постојан нагорен тренд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот