Маск негира дека зборувал со Путин за војната во Украина

Фото Колаж на СП/ ЕПА

Илон Маск ги демантираше информациите дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, велејќи дека последен пат тој зборувал со него пред 18 месеци, јави Би-Би-Си.

Претходно, Иан Бремер, шеф на консултантската компанија за политички ризици Евроазија Груп, тврдеше дека Маск лично му кажал за разговорот со Путин. Но Маск сега ги одбива тие тврдења.

„Разговарав со Путин само еднаш и тоа беше пред околу 18 месеци. Темата беше за вселената“, напиша Маск на Твитер.

Минатата недела, извршниот директор на Тесла побара од своите 107,7 милиони следбеници да гласаат за начините за решавање на војната во Украина.

Предлозите вклучуваа начин како да се одржат гласања во делови од Украина окупирани од Русија кои Кремљ вели дека ги освоил. Неговите коментари беа поздравени од Москва.

Мултимилијардерот рече: „Русија ќе си оди ако тоа е волјата на народот“.

Маск, исто така, предложи светот „формално“ да го признае Крим – незаконски анектиран од Москва во 2014 година – како дел од Русија.

Во коментарот, Бремер напиша дека Маск му рекол дека рускиот претседател е „подготвен да преговара“, но само ако Крим остане под руска контрола, ако Украина прифати форма на постојана неутралност и ако Киев ја признае руската анексија на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

Бремер рече дека шефот на СпејсЕкс му рекол дека Путин рекол дека овие цели ќе бидат остварени „без разлика на се“ и дека постои потенцијал за нуклеарен напад доколку Украина го нападне Крим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот