Маск ја уверил ЕК дека Твитер ќе работи според правилата на ЕУ

Фото: Профимедиа

Милијардерот Илон Маск ја уверил Европската комисија дека Твитер ќе продолжи да се придржува до строгите европски правила за контрола на нелегалната онлајн содржина.

Ова го изјавија извори од ЕК за светските агенции откако минатата недела тој стана сопственик на социјалната мрежа.

Маск пред еврокомесарот Тиери Бретон, кој е одговорен за внатрешниот пазар, изјавил дека планира да се усогласи со законодавството на блокот во врска со незаконска содржина. Тој се согласил во наредните недели да одржи и состанок со Бретон, кој е поранешен француски министер за финансии.

Разговорот се одржа откако Бретон во петокот посочи дека социјалната мрежа мора да се усогласи со правото на Унијата.

„Во Европа, птицата (споредба со симболот на социјалната мрежа) ќе лета според нашите правила”, напиша Бретон во петокот на Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот