Маск донирал акции на „Тесла“ вредни две милијарди долари во добротворни цели

Маск и Тесла може да добијат конкуренција од Кук и Епл - Фотографија ЕПА, Џери Лампен

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, изјави дека минатата година донирал акции во вредност од околу 1,95 милијарди долари од својот производител на електрични автомобили во добротворни цели, јави „Би-Би-Си“.

Донацијата од 11,6 милиони акции била опишана во поднесокот до американските регулатори како „искрен подарок“. Од донаторската фирма не го именуваа примателот или примателите на донацијата.

Исто така, Маск изјави дека оваа година ќе биде „добро време“ да се најде некој што ќе го наследи како главен извршен директор на „Твитер“.

Документот поднесен до Комисијата за хартии од вредност на САД покажа дека донацијата е направена помеѓу август и декември минатата година.

Не е првпат Маск да дава акции на „Тесла“ во добротворни цели. Тој донираше акции во вредност од околу 5,74 милијарди долари во 2021 година, според регулаторното поднесување.

Тој, исто така, на Твитер таа година рече дека планира да донира 20 милиони долари за училиштата во округот Камерон и 10 милиони долари за градот Браунсвил во Тексас, САД за „ревитализација на центарот на градот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот