Масакр во Чикаго: Убиено цело семејство, телата пронајдени во нивниот дом

САД полиција/ Фото: Robyn BECK / AFP / Profimedia

Американската полиција пронајде двајца родители и две деца мртви во дом во областа Чикаго. Во неделата, член на семејството ја известил полицијата и побарал од нив да го проверат семејството затоа што една од жртвите не се појавила на работа тој ден, изјави заменик-началникот на полицискиот оддел во Ромеовил, Крис Бурн.

„Не веруваме дека сторителот во моментов е меѓу жртвите. Не се работи за убиство и самоубиство. Во куќата најдовме три кучиња, тие исто така беа застрелани и убиени“, рече Бурн вчера за време на прес-конференција, како што е соопштено од Ен-Би-Си.

„Родителите се идентификувани како Алберто Ролон и Зоралда Бартоломеи. Се уште не се знае дали се во брак, но тие се родители на двете деца кои беа застрелани. Познат е и идентитетот на малолетникот, но поради чувствителната природата на истрагата, не можеме да ги објавиме нивната возраст и пол“, додаде тој.

„Една од жртвите не се појавила на работа во 6 часот наутро во неделата и не одговарала на телефонски повици во текот на денот, поради што членовите на семејството се загрижиле“, соопшти полицијата.

Телата биле откриени во саботата навечер. Детективите веруваат дека пукањето се случило помеѓу 21 часот во саботата и 5 часот наутро во неделата. Мотивот се уште не е познат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот