Марко Михаилоски е избран за нов претседател на СДММ

Фото: Фејсбук

Марко Михаилоски, досегашен потпретседател и долгогодишен член на СДСМ, едногласно е избран за нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) на денешната 23. Конференција.

На Конференцијата, покрај изборот на претседател, беа избрани и членови на Надзорниот и на Централниот одбор на СДММ.

СДСМ постојано се менува, но СДСМ постојано се грижи за младите, ги вклучува во реализација на успешни младински политики и затоа ја има поддршката од граѓаните, од младите. Во периодот што следува СДММ продолжува да биде важен дел од СДСМ, креатор на квалитетни младински политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани, се навредува во соопштението на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот