Марин Ле Пен се обидува да ја оддалечи својата партија од антисемитското минато

Поддршката на француската лидерка на крајната десница Марин Ле Пен за Израел по нападот на Хамас претставува дел од долготрајното тежнеење нејзината партија „Национален собир“ да се оддалечи од антисемитското минато пред да се кандидира за претседател за изборите во 2027 година, пишува „Гардијан“.

„Национален собир“, која е најголемата опозициска партија во францускиот Парламент, силно го поддржува правото на Израел да се брани од нападот на Хамас на 7 октомври и бомбардирањето на Газа, кое следеше. Во говорот во Парламентот во кој го осуди нападот на Хамас врз Израел, Ле Пен беше поздравена со аплауз од парламентарците од центарот и од десницата. Додека таа се подготвува да се кандидира за претседател по четврти пат во 2027 година, нејзината партија ветува дека ќе ги заштити француските Евреи од исламизмот. Неколку пратеници од партијата присуствуваа на маршот во Париз во октомври предводен од еврејски групи за поддршка на Израел, што беше радикална промена во однос на претходните години. Франција е многу чувствителна на конфликтот на Блискиот Исток, бидејќи ги има најголемите еврејски и муслимански заедници во Европа.

Ле Пен во 2025 година го исфрли својот татко, Жан-Мари Ле Пен, основачот на партијата, откако тој ги повтори коментарите за омаловажување на Холокаустот. Таа подоцна го промени името на партијата од „Национален фронт“ во „Национален собир“. Партијата „Национален фронт“ во своите почетоци беше екстремно десничарска партија, која во своите редови имаше луѓе кои беа неонацисти и антисемитисти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот