ИНФОГРАФИК |Марихуаната стана најзастапена дрога во регионов

Сѐ уште најголем дел од запленетата марихуана потекнува од Албанија, но во помала мера и од внатрешноста во земјава. Дрогата од Албанија поминува најчесто преку илегални премини.

Во земјава во моментов најзастапена е нелегалната трговија со марихуана, па затоа и најголем дел на заплените и откриените кривични дела се однесуваат на овој тип нелегална трговија – рече во „Утрински брифинг“ Ветон Кранлиевски, началник на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во МВР.

Деновиве од фирма во Струмица, која одгледува канабис за медицински цели, беа запленети 1,6 тони марихуана за која не постоела документација. Во одделна акција, истовремено, кај Јанковец, близу Ресен, беа запленети 50 килограми марихуана од лице од Струмица.  Кранлиевски не сакаше да го коментира овој случај зашто истрагата сè уште е во тек. Тој рече дека во земјава, а и во регионот, се поголем замав зема трговијата со марихуана, на сметка на другите кривични дела од овој вид.

– Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната. Сѐ уште најголем дел од запленетата марихуана потекнува од Албанија, но во помала мера и од внатрешноста во земјава. Дрогата од Албанија поминува најчесто преку илегални премини – вели Кранлиевски.

Македонија, посочи тој, сепак е мала земја и нема голем потенцијал за потрошувачка на значителни количини дрога. Затоа, МВР во многу случаи соработува со странските служби со цел да се најде нарачателот, а не само оној што ја транспортира дрогата низ Македонија.

– Ние имаме одлична соработка со странските служби. Како што добиваме информации од нив, така и ние им даваме информации. Неодамна, во соработка со Австрија, по наши сознанија, е сузбиена меѓународна криминална група во Виена, откриени се 2.000 стебла марихуана, како и лабораторија. Имаме презентирано наши сознанија и на германските колеги – рече Кранлиевски. 

ВИДЕО | Полицијата заплени дрога вредна над 3.000.000 евра

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот