ОЈО: Двајца струмичани пренесувале марихуана од Ресен кон Битола

Дрогата, спакувана во 47 најлонски пакувања со вкупна нето маса од 44.516 грама и сместена во три патнички торби, ја пренесувале со автомобил „шкода октавија“.
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, осомничени за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Двајцата соизвршители, на 8 февруари, од засега непознати лица, неовластено набавиле наркотична дрога марихуана наменета за продажба.

Дрогата, спакувана во 47 најлонски пакувања со вкупна нето маса од 44.516 грама и сместена во три патнички торби, ја пренесувале со автомобил „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки на патот Ресен – Битола. Марихуаната ја пронашле полициски службеници од ОВР Ресен кои извршиле преглед на возилото.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор спрема осомничените, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да влијаат врз можните сведоци и соучесници или да го повторат делото. Судијата на претходна постапка го прифати преедлогот на обвинителот и донесе решение со кое определи притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.​​

ВИДЕО | Полицијата заплени дрога вредна над 3.000.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот