Маричиќ: Среќен роденден СДСМ, 33 години одговорно, трезвено и одлучно градиме општество на солидарност со грижа за секого

Бојан Маричиќ, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ1/Фото: Фејсбук

„33 години одговорно, трезвено и одлучно, наспроти сите опструкции и препреки. 33 години со јасен став и со посветеност за државата да оди напред.Ги слушаме и ги разбираме граѓаните, постапуваме и ќе продолжиме да чекориме кон економска сигурност и подобар животен стандард. Заедно градиме општество на солидарност со грижа за секого. Така го личи СДСМ,“ порачува секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ1 Бојан Маричиќ, во видео честитката по повод роденденот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Тој понатаму вели дека СДСМ е горда за сите демократските исчекори кои Македонија ги направила изминативе години со водство на СДСМ.

„Историјата запиша, Македонците ќе паметат: СДСМ ги заштити македонскиот јазик, култура и идентитет. Со визионерство и државничка гордост го обезбедивме членството во НАТО. Најдоцна до 2030 години ќе станеме членка на ЕУ,“ порачува Маричиќ.

Тој на крајот истакнува дека СДСМ никогаш не се откажува и дека нема откажување од европската иднина.

„Среќен роденден СДСМ,“ вели Маричиќ во честитката до СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот