Маричиќ: Не сме толку далеку од ЕУ, но не смееме да стоиме повеќе во место

Бојан Маричиќ - Вицепремиер за европски прашања / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Вицепремиерот Бојан Маричиќ на отворената трибина за граѓаните во рамки на кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на темата – енергетикa во Куманово изјави дека после 17 години земјата го отворила процесот на преговори со ЕУ, а за 7 години како што рече можеме да бидеме земја членка.

„Особено ме радува што поминавме 30 тина проекти на Европската Унија, кои се успешни приказни и се дел од нашата македонска успешна приказна. Имав можност да посетам наши компании кои се успешни приказни и сите тие го кажуваат истото. Сакаме во Европската Унија што побрзо, сакаме да живееме европски, сакаме да се развиваме европски, ги сакаме и европските вредности, европските фондови, ние припаѓаме во Европа, ние сме Европа,“ порача заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања,

Маричиќ се заблагодари на сите учесници на трибините од кампањата „Ние сме Европа“ на кои како што посочи се зборувало за европските вредности.

„Треба да бидеме горди на еден процес кој за прв пат се случи во овие две години, а тоа е процесот на отворање на преговорите кои ги отворивме минатиот јули после 17 години, и имавме интезивен период од 15 месеци, на учество во скринингот, кој се затвори минатата недела. Околу 100 работни дена, 1000 учесници, 850 презентации. Она што го забалежавме таму е дека не сме толку далеку од ЕУ, но исто така не смееме да стоиме повеќе во место,“ рече Маричиќ.

Тој посочи дека се она што можело да се направи без крупни одлуки во Собранието, е направено. Како и дека сме половина усогласени со европското законодавство и ги применуваме европските стандарди, но како што реше има уште многу работа.

„Пред само седум години бевме држава во сериозна политичка криза, држава која беше означена како заробена држава денеска сме веќе со започнати преговори, а за само седум години можеме да бидеме членка на ЕУ. Затоа да продолжиме по овој пат бидејќи таму припаѓаме. Да живее европско Куманово, да живее Европска Северна Македонија,“ порача Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот