Маричиќ: Нашите граѓани сега се повеќе поврзани со ЕУ и со регионот, паѓаат трошоците за телекомуникациските услуги

Вицепремиерот Бојан Маричиќ на средба со челниците од телекомуникациските компании/Фото: Фејсбук

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес организираше состанок каде што се дискутираше за роаминг тарифите помеѓу земјите од Западен Балкан и со Европската Унија, како придобивка од Берлинскиот процес, како и бесплатна безжична интернет мрежа на јавни простори во Западен Балкан, како иницијатива на Европската Комисија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан.

На состанокот присуствуваа раководните лица на Министерството за информатичко општество и администрација, Македонски телеком, А1 Македонија, Агенција за електронски комуникации, Јавно претпријатие Национална радиодифузија и Националната канцеларија за бродбенд компетентност.

По средбата Вицепремиерот Маричиќ во изјавата рече дека најважната порака од средбата со претставниците на телеком операторите во државата е дека паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги и дека нашите граѓани и граѓаните од регионот сега се повеќе поврзани со ЕУ.

Најважната порака од средбата со претставниците на телеком операторите во нашата земја е дека паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги и дека нашите граѓани и граѓаните од регионот сега се повеќе поврзани со ЕУ.

-Имплементацијата на Декларацијата за роаминг дава ветувачка слика. Операторите од Западен Балкан не само што ја исполнија ценовната граница за 2023 година, туку ги надминаа очекувањата. Сега тие нудат пакети под прагот на цените од планираното за 2026 година, што сигнализира значителен напредок. Уште повеќе, во Северна Македонија се отворија можности за дополнително усогласување на цените согласно со локалните стандарди за поголема достапност и пристапност за потрошувачите, изјави вицепремиерот Маричиќ по средбата.

Како резултат на Планот за раст и на новата Методологија за пристапни преговори, на последниот самит на ЕУ со лидерите од Западен Балкан, една од придобивките е Ви-Фи зони за Западен Балкан, односно формирање на безжична интернет мрежа на јавни простори за Западен Балкан.

-Преведено во поконкретни придобивки, безжична интернет мрежа на јавни простори за Западен Балкан значи зголемување на распоредувањето на пристапот до интернет во јавните згради и урбаните јавни простори и во руралните области во регионот. Тоа е мерка за поттик на локалните заедници во регионот да ја доближат поврзаноста до граѓаните, овозможувајќи им придобивки од бескрајните можности на дигитализацијата, како конкретен чекор кон Заедничкиот дигитален пазар, рече Маричиќ.

За реализација на оваа мерка Владата веќе ја усвои препораката за имплементација на јавни Ви-Фи точки во консултација со ЗЕЛС и локалните самоуправи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот