Маричиќ на Денот на планетата земја: Секоја мала акција прави голема промена

Бојан МАричиќ/Фото: Фејсбук

Честит ден на планетата земја! Заедно, чекор по чекор, создаваме поубава и позелена иднина за сите – пишува во објава на Фејсбук првиот вицепремиер Бојан Маричиќ. Тој по повод Денот на планетата земја заедно со вработените во Секретаријатот за европски прашања, засадија млади дрвца во кругот на институцијата.

-Веруваме дека секоја наша мала акција прави голема разлика. Нашите заеднички напори не само што придонесуваат за поубава околина, туку и ја симболизираат нашата посветеност кон зачувување на планетата земја за идните генерации- пишува Маричиќ.

Вицепремиерот порачува дека вработените во Секретаријатот за европски прашања ќе продолжат да даваат приоритет на одржливите практики, охрабрувајќи ги другите институции да се придружат во овие иницијативи.
Првиот вицепремиер Бојан Маричиќ, по повод Денот на планетата земја, заедно со своите колеги денеска засадија млади дрвца околу Секретаријатот за европски прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот