Маричиќ: Ако апелите за дијалог за уставните измени не вродат плод кај ДПМНЕ, ќе разговараме со секој пратеник посебно

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања/Фото: МИА

Лидерската средба беше одличен чекор во вистинска насока и на таа средба се видоа условите и на Владата, односно на СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, и во наредните денови можеме да ги поместиме позициите, но тоа секако, треба да биде во реални рамки, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Маричиќ, во гостување на телевизија Сител, посочи дека треба да се продолжи оттаму каде што застана лидерската средба, но тоа да биде во реални рамки и со разумен разговор.

„Ќе дадеме уште некоја шанса во наредните денови за опозицијата, сепак, да пристапи кон овие разговори за да можеме заеднички да го договориме и спроведеме планот за уставни измени. Доколку тоа не се случи и доколку апелите за разумен дијалог од наша страна не вродат со плод кај ДПМНЕ, ние секако дека ќе тргнеме во разговор со секој пратеник, рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот