Манастирите во Света Гора затворени за посетители и верници до 30 март

Фото: МИА

Манастирите во Света Гора, од вчера, па се до 30 март 2020 година, се затворени за посетителите и верниците, со одлука на управните органи, но и на Светата заедница за усогласување со одлуката на грчката Влада за превентивните мерки за спречување на дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објавија грчките медиуми, заменик – управителот Аристос Касмироглу конкретната одлука ја доставил до Светата заедница.

Претходно, Светата заедница, што е и највисокиот орган на Света гора на одржаниот состанок, ја прифатила одлуката на грчката Влада што се однесува на затворањето на црквите и сите останати религиозни објекти во Грција.

Одлуката не важи за оние кои работат на полуостровот Атос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот