Бранка Костич Маркович - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Бранка Костиќ Марковиќ - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Порано паѓав во несвест кога ми земаа крв, а за да добијам дете, се боцкав сама, вели Костиќ-Марковиќ

Бранка Костиќ -Марковиќ е силна жена, мајка со вонсериска моќ која успеала да надмине тешки животни препреки за среќата на нејзиното дете. Костиќ -Марковиќ имала тежок пат за да стигне до најрадосниот момент за една жена, да остане бремена. Таа е мајка на шарманниот 14-годишен Марко, дете со атипичен развој.

Со личната приказна на познатото ТВ лице, Бранка Костиќ -Марковиќ, етномузиколог, музички уредник и новинарка, ја започнуваме втората сезона на проектот „Мамавизија“ со Александра Вуксановиќ.

Откако лекарите увидиле дека постојат проблеми и кај неа и кај сопругот, а поради биолошкиот часовник кој отчукувал, било крајно време да започнат ин витро процедура.

– Со скратено грло на матката, во подоцнежни години, со можни минимални два проценти да се оствариме како родители, така ни велеа, дека ни се толкави шансите, сфативме дека не треба да чекаме и се одлучивме да ја почнеме процедурата за биомедицинско потпомогнато оплодување. Јас претходно многу се плашев од боцкање, од крв, но сега кога требаше да се боцкам за да станам мајка, тоа го правев сама. На денот на мојот роденден ми се јавија за да ми кажат дека тогаш треба да ми го прават трансферот (внесување на ембрионот во матката). Тоа беше навистина среќен ден за нас, затоа што две недели потоа дознавме дека сме имале успешно ин витро – вели таа.

Имала патолошка бременост, морала да лежи дома, но малку луѓе знаеле дека е бремена.

– До последен момент никој не знаеше дека сум бремена, само најблиските и секако на работа. Јас не излегував од дома бидејќи морав постојано да лежам. Така ја поминав бременоста, немам ни слики како трудна. За време на бременоста многу слушав музика и навивав за Ноле (Новак Ѓоковик). Тоа многу ми помогна во релаксирањето – раскажува нашата соговорничка.

Бранка Костич Маркович - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Бранка Костич Маркович – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Мој совет до сите идни родители е добро да внимаваат кога го одбираат партнерот, да биде прилближно во нивните димензии, низ смеа раскажува Костиќ -Марковиќ. Животот не ја поштедил до самиот крај на бременоста, поради големината на бебето морала да се породи предвреме.

– Јас сум многу мала, а мојот сопруг е двометраш, па уште во раната бременост гинекологот ми кажа дека имам долго бебе и дека ќе нема простор во мојот стомак. Така и дојде до моментот да ми закажат предвремено породување – вели таа.

 

Погледнете ја оваа инспиративна епизода на „Мамавизија“ која одново ќе ве научи дека ништо не е невозможно и дека мајчинската интуиција е движечка сила на едно семејство. Емисијата е достапна на јутјуб-каналот на „Слободен печат.“ Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

 

МАМАВИЗИЈА | Христов: По спонтан абортус, неуспешни инсеминации и неуспешно ин витро, останав бремена на одмор

 

МАМАВИЗИЈА | Стефи ја родив на 20 години, како балерина не сакав промени на телото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот