Лазар Фотев - син на партизанката Вера Фотева / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

МАМАВИЗИЈА | Фотев: Мајка ми на 14 години станала партизанка, a на 23 лежела во затвор во Москва

Во најновата епизода на „Мамавизија“ раскажуваме за една хероина во вистинска смисла на зборот, мајка револуционерка – партизанката Евдокија Вера Фотева, мајка на Лазар и Никола Фотеви.

Таа на својата 14-годишна возраст станала партизанка. Се борала во граѓанската војна во Грција и на 23 години завршила во озлогласените затвори во Москва. Била рамо до рамо со мажите од организацијата, прв човек на АФЖ, таа ѝ била најдобра пријателка на Мирка Гинова. Поминала тежок живот во младоста, се соочувала со убиства на драги луѓе, долго време била далеку од семејството, од мајка ѝ, се криела во шумите и војувала за подобра иднина, била затворена и во Сибир. Била во тајна љубовна врска со нејзиниот другар партизан Минчо, кој подоцна станал нејзин сопруг. И двајцата биле по затворите и биле разделени долго време.

Откако завршило сè, Вера и Минчо од Казахстан се вратиле во Македонија со авион, таа била деветти месец бремена со Лазар, ќе се породела во авион.

Постариот син на Фотева, Лазар, се одзва на нашата покана и нè удостои со своето гостување.

– Ми импонира што сум син на партизанка. За неа многу се пишувало во книги, трудови, има и неколку документарни филмови снимени за неа, но оваа емисија ми е посебно драга, бидејќи мене ми припадна честа јас да зборувам за неа – вели Фотев за „Мамавизија“.

Фотева ја жртвувала љубовта за војната. Во една од своите книги таа пишува дека нивното свадбено патување траело една деценија.

– Вљубени во татковината со мојот животен сопатник бевме уште од детсвото, затоа што произлегувавме од македонски револуционерни фамилии. За слободата на татковината во својата бујна младост нарамивме оружје како борци во најубавите младешки години и си дадовме збор дека по ослободувањето ќе се венчаме – цитат на Вера Фотева.

За нејзиното детсво, за тоа како влегла во партизанските редови, како се заљубила во другарот партизан Минчо, подоцна нејзин сопруг, за нивното децениско свадбено патување кое претрпело и темни затвори и озогласени логори во Русија, гледајте во новата „Мамавизија“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Водител и автор на емисијата е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот