Полиција / илустрација / Фото: Општина Центар

Малолетник се обидел да го убие татка си – со остар предмет му нанел десет убодни рани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против 17-годишник осомничен за обид за убиство, кривично дело предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Според информациите на Јавното обвинителство, малолетникот во својот дом на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје извршил семејно насилство врз својот татко. Додека таткото се наоѓал во спалната соба, синот му пришол одзади и со остар предмет му нанел десет убодни рани.

Мајката, која била во близина, успеала да го оттурне синот и веднаш повикала итна медицинска помош. Таткото бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде по оперативен зафат се наоѓа во животозагрозувачка состојба.

Обвинителството побарало и определување мерка притвор за малолетникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот