Макрон: Путин не сака мир туку капитулација на Украина

Целта на разговорот во Вашингтон во понеделникот меѓу американскиот претседател Доланд Трамп и украинскиот челник Володимир Зеленски е да се претстави единствен фронт за Украина и нејзините европски сојузници, рече претседателот на Франција Емануел Макрон.

-Ако денеска покажеме слабост пред Русија, поставуваме темел за идни конфликти, изјави тој после видео-конференцијата на коалицијата.

Тој додаде дека сојузниците на Киев на состанокот се заложиле за силен и траен мир во Украина и да се почитува територијалниот интегритет на Украина.

-Не може да има територијална расправа за Украина без Украинци, а исто така нема разговор за сигурноста на Европејците без нив, додаде Макрон барајќи да бидат повикани на идните самити за Украина.

-Утре одиме во Вашингтон не само да бидеме со украинскиот претседател, туку одиме таму да ги браниме интересите на Европејците. Мислам ли дека Путин сака мир? Ако мене ме прашувате, не. Тој сака капитулација на Украина и тоа е тоа што го предложи, рече францускиот шеф на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот