Макрон: Односите меѓу ЕУ и Кина се засилија во изминатите години

Емануел Макрон
Емануел Макрон /Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека односите меѓу Европската унија и Кина се зајакнати во последните неколку години, откако двете страни денеска ги завршија преговорите за сеопфатен договор за инвестиции.

„Дијалогот меѓу Европа и Кина во последните неколку години се зајакна и стана поизбалансиран. И тој продолжува”, напиша Макрон на Твитер.

Британските медиуми, повикувајќи се на транскрипт од состанокот меѓу лидерите на ЕУ и кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесуваат дека Макрон понудил да ја посети Кина во следните месеци, заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, за да разговараат за другите области на соработка, како што се здравството и животната средина. .

ЕУ и Кина денеска, начелно, ги завршија преговорите за сеопфатен договор за инвестиции.

Брисел наведува дека Кина се обврзала на „ниво повисоко од кога било претходно” да дозволи пристап до нејзиниот пазар за инвеститорите од ЕУ, вклучувајќи ги и новите важни  отворања на кинескиот пазар.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот