Макрон и Си сакаат што можно порано да се постигне нуклеарен договор со Иран

Макрон и Си/ Фото EPA-EFE/NICOLAS ASFOURI / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот кинески колега Си Џинпинг се согласуваат дека треба да се зајакнат напорите за да се постигне нуклеарен договор со Иран, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на Макрон.

Претходно, денеска секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност објави на Твитер дека нуклеарниот договор повеќе нема никаква цел.

Во Виена се одржуваат нуклеарни преговори со цел да се обезбеди целосно спроведување на нуклеарниот договор и враќање на САД, со учество на високи претставници од Русија, Кина, Германија, Франција, Велика Британија и Иран.

Иранскиот нуклеарен договор, официјално наречен Заеднички сеопфатен план за акција, беше потпишан во 2015 година од Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и Европската унија.

Макрон во телефонскиот разговор со кинескиот претседател ги изрази очекувањата на Франција и Европа дека Кина ќе ги ратификува „основните меѓународни конвенции” за безбедност при работа, особено во врска со принудната работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот