Макрон: Да си им сојузник на САД не значи да им бидеш вазал

Макрон - Бајден/ Фото EPA-EFE/Ting Shen / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека „да се биде сојузник на САД не значи да се биде нивни вазал“, потврдувајќи ги претходните свои изјави за Тајван.

„Да се ​​биде сојузник не значи да се биде вазал. Да се ​​биде сојузник не значи дека веќе немаме право да размислуваме со своја глава. Франција е за статус кво во Тајван, ја поддржува политиката на „една Кина“ и бара мирно решение на ситуацијата“, изјави Макрон на прес-конференција во Амстердам.

Францускиот лидер предизвика бран на недоразбирања во САД и Европа барајќи од Европската унија „да не ги копира“ Вашингтон и Пекинг за прашањето на Тајван.

„Таквата политика е константа, не е променета“, додаде тој. Изјавите веднаш беа протолкувани како дистанцирање од Вашингтон, кој од почетокот на руската офанзива ѝ пружа сесрдна помош на Украина.

„Макрон е наш пријател, а во исто време ѝ се додворува на Кина“, ја коментираше ситуацијата поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Во исто време, Макрон изрази жалење што Трамп придонесува за ескалацијата на тензиите.

„Додека беше претседател, јас не ги коментирав неговите изјави, па нема да го сторам тоа ни сега, кога тој повеќе не е претседател“, рече францускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот