фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Македонските одбојкари загубија од Швајцарија во првиот меч на турнирот „Чајка“

Сениорската одбојкарска репрезентација на Македонија загуби со 1:3 во сетови (25:23, 15:25, 24:26, 23:25) од Швајцарија на отворањето на 49 издание на меморијалниот меѓународен турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Македонија и Швајцарија одиграа интересен натпревар, полн со пресврти, во кој одлучуваа нијанси во најголем дел од средбата.

Како клучно за поразот се покажа третиот сет во кој македонските репрезентативци имаа водство од 24:22, но не успеаја да искористат две сет топки. До серија од 0:4 гостите дојдоа до 24:26 и предност од 1:2.

Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најефикасен со 16 поени, следен од Александар Љафтов со 15, додека Стојан Илиев имаше 10 поени. Филип Савовски запиша пет поени, додека Филип Маџунков имаше четири.

Во вториот натпревар на меморијалот ќе се соочат репрезентациите на Бугарија и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот