Македонските кошаркари ги добија противниците во групите за младинските Европски првенства

Фото: КФСМ

Ова лето Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ и „Под 18“ години, а ќе биде реализирано во нашиот главен град – Скопје.

Освен овие две селекции, исходот на ждрепката на која присуствуваше и генералниот секретар Владимир Георгиевски, ја очекуваа и нашата машка младинска селекција, која ќе игра на ЕП од Дивизијата „Б“, како и нашата женска репрезентација „Под 18“ години, која е дел од ЕП од Дивизијата „Б“…

А ждрепката на групите за претстојните младински Европски првенства во двете дивизии која се одржа во Фрајзинг ги детермирнираше сите натпреваруваќки групи.

Редоследно, нашата машка селекција „Под 16“ години е поставена во групата „Д“ од ЕП кое ќе се одржи во Скопје во периодот од 8. До 17.август. Заедно со националните тимови на Естонија, Шведска, Украина и Австрија.

Нешто порано, од 26. јули, до 4. август, во Скопје, нашата федерација ќе биде домаќин и на ЕП од Дизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години. А Македонија ќе биде дел од групата „Ц“ во која се уште и репрезентациите на Чешка, Босна и Херцеговина, Украина и Ирска.

Македонската младинска репрезентација ќе биде дел од Европското првенство од групата „А“ кое од 13.до 21. јули ќе се одржи во Гдиња (Полска). А ждрепката посака нашиот младински национален тим да биде во групата „Ц“ , заедно со селекциите на: Шпанија, Туриција и Белгија.

Нашата женска селекција „Под 18“ години летово (од 2. до 11. август) ќе игра во романскиот Плоешти. И тоа во групата „А“ во која уште „се паднаа“ и репрезентациите на Грција, Ирска, Бугарија и Норвешка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот