Македонските фудбалерки поразени од Замбија

Фото: ФФМ

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа нова бламажа откако попладнево беше поразена од Замбија на контролниот турнир кој се игра во Аланија, Турција.

Македонија на турнирот е во група со Замбија, Бугарија и Естонија, а денес го игравме првиот натпревар и тоа против Замбија. Натпреварот беше решен со голот во последната минута од средбата кога Грејс Чендал асистираше, a во листата на стрелци се запиша Хелен Чанда.

Треба да се спомене дека фудбалерките во последната деценија имаат само пет победи и тоа две се против Летонија во последниот мундијалски циклус. Следниот натпревар на турнирот во Турција избраничките на Кирил Изов го играат против Бугарија за три дена, потоа на 21-ви следи дуелот со Естонија.

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОВОЈ ТУРНИР

Голмани: Викторија Панчурова, Лина Самарџиевска, Теа Драганова;

Одбрана: Даниела Велеска, Елена Панеска, Павлинка Николовска, Христина Јошевска, Елена Петровска, Ана Милчевска, Александра Јовановска;

Среден ред: Теа Божиновска, Наташа Андонова, Елма Шемсовиќ, Ленче Андреевска, Мила Талевска, Александра Марковска, Хава Мустафа;

Напад: Гентијана Рочи, Бојана Петкова, Јилза Максути, Радица Чонева, Кристина Петрушевска, Јулија Живиќ;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот