Македонскиот скијач Дехари второпласиран во црногорскиот Колашин

дехари
На подиумот покрај Дардан Дехари се најдоа уште двајца Унгарци/Фото: facebook.com/mkdski.mk/

Веќе е во тек скијачката сезона, а на меѓународната сцена настапуваат и македонските натпреварувачи.

Во Колашин, Црна Гора, на подиумот се најде Дардан Дехари кој имаше одличен настап во слаломската дисциплина со резултат 01:28.90 мин.

На првото место се најде Унгарецот Бенце Наѓи (01:27.82), а третопласиран е неговиот сонародник Мартон Кекеши (01:29.51).

На четвртата и петтата позиција се најдоа нашите натпреварувачи Мирко Лазарески (01:31.66) и Виктор Петков (01:31.44).

Во истата дисциплина имаше и учесници од Кипар, Грција, Косово, домаќинот Црна Гора и Мароко.

Воедно може и да се додаде дека на денешниот велеслалом во Колашин, Петков се пласираше на лидерското прво место со 74,79 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот