фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Македонскиот репрезентативец Чурлинов се враќа во Шалке?!

Шалке се обидува со сите сили да го врати македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој имаше клучен придонес во враќањето на клубот во Бундес лигата.

Сезонава Шалке нема добри резултати и во последните четири кола ќе се бори за опстанок во најсилното германско првенство.

Информациите велат дека бундеслигашот е во разговори со 22-годишното крило.

Според новинарот на „Скај“, Флориан Плетенберг, вечера имале тренерот на Шалке, Томас Рејс, спортскиот директор Питер Кнабел на клубот, Чурлинов и уругвајскиот фудбалер на Шалке, Залазар.

На Инстаграм профилот на Залазар се гледа како го пречекува Чурлинов, со сета радост и објава дека Македонецот се враќа во Гелзенкирхен.

Разговорите со Барнли се во тек и позитивни. Треба да се разјаснат последните детали околу платата. Планот на Шалке е едногодишна позамјмица со опција да се купи играчот.

Чурлинов во минатата сезона играше како позајмица од Штутгарт во Шалке и запиша 22 настапи и два голови.

Немаше голема минутажа сезонава во Чемпионшип во дресот на Барнли, покрај повредата што го оддалечи два месеци од терените, нашиот играч запиша „само“ седум настапи. Барнли успеа да се врати во Премиер лигата, но и по тој успех не го гледаме Чурлинов во составот на Венсан Компани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!