Македонската таеквондистка Рељиќ ќе настапи на Светското првенство во Мексико

Мила Рељиќ во обид да донесе нов медал од големите таеквондо натпреварувања/фото: facebook.com/Taekwondo-klub-Tigri-Skopje-Macedonia

Мила Рељиќ ќе се обиде да донесе нов врвен резултат за македонското таеквондо, а нејзин следен настап е Светското првенство кое ќе се одржи од 13 до 20 ноември во Мексико.

Таеквондо клубот „Тигри – Скопје“ упатува огромна благодарност за поддршката од Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски за учеството на СП.

Потсетување дека Рељиќ во август во Естонија го освои европскиот златен медал во обид да го круниса со уште позначаен успех во Мексико.

Моментно е на високата 10 позиција на светската ранг листата, а според најавите од клубот ќе се бори на 15 ноември.

Минатиот месец Рељиќ обезбеди уште еден медал од Г2 турнирите, бронза од Монтенегро Опен во Црна Гора за дополнителни поени за светската и олимписка ранкинг листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот