Македонија по 30 години ги виде „децата фантоми“: Девојче од Скопје се родило без идентитет и умрело без идентитет

Собранието изгласа закон со кој на лицата без документи им се дава граѓански идентитет, односно прв извод од матичната книга на родените. Со овој извод тие потоа можат да добијат здравствена и социјална заштита, да се вработуваат и да фигурираат во државниот систем.

Девојче од Скопје се родило без идентитет и умрело на петгодишна возраст без идентитет. Мајката работела, па го оставила девојчето кај пријатели да ја причуваат, но епилогот бил трагичен. Пријателот се опил, брутално ја натепал малечката, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди од кои починала.

Ова е еден од најтажните примери од стварноста на децата и возрасните во земјава, кои живеат без лични документи. Се раѓаат како фантоми, без да фигурираат никаде во државниот систем и така си заминуваат од овој свет. Без извод од родените не можат да извадат ниту здравствена книшка, поради што здравствената заштита за сериозни и комплицирани медицински дијагнози ја започнуваат доцна, што ја намалува шансата да преживеат.

Таков е случајот со петнаесетгодишникот од Тетово, дете „фантом“, без извод од родените, кој имал карцином на коленото. Со помош на невладината организација „Амбрела“, добил можност преку Министерството за здравство да добие услуги во државната болница, но поради тоа што третманот е почнат доцна, лекарите не успеале да се изборат со болеста.

Прочитајте и...  Фатмир Дехари: Во Кичево нема заразени, повикувм на претпазливост и посветеност

Овие два случаи се суров показател за тоа со какви проблеми се соочуваат лицата во земјава што немаат лични документи.

– Имавме страшна состојба и трагедии. Повеќето се деца, но има и возрасни, од 22 до 25 години, кои никогаш не биле заведени во матичната книга на родени. За овој проблем алармирам повеќе од 10 години, зашто сметам дека станува збор за една од најранливите групи. Нивната состојба беше тешка, особено за децата. Тие немаа право да се образуваат, да се вработуваат. А возрасните едноставно живеат од ден за ден. Ако денеска нешто заработат, ќе донесат дома за јадење и ќе имаат, но децата во многудетните семејства многу често си легнуваат гладни. Некогаш млади девојки што немаат здравствено осигурување се принудени да се пораѓаат дома. Без извод од родени немаш никакви права – вели за „Слободен печат“ Латифа Шиковска од невладината организација „Амбрела“.

Прочитајте и...  Во Словенија потврдени 36 новозаразени со коронавирусот

Оваа организација му помагала на Министерството за труд и социјална политика со тоа што на терен ги лоцирала лицата без лични документи. Сега проблемот е системски надминат, бидејќи Собранието изгласа закон со кој овие лица, по децениски живот како „фантоми“, конечно ќе добијат граѓански идентитет. За Шиковска најважното од овој закон е што ќе овозможи пакет социјални услуги, какви што се бесплатно образование, социјална и здравствена заштита и прво вработување.

– Тоа дава надеж кај засегнатите дека се на добар пат – додава Шиковска.

Како што соопштија од Кабинетот на дополнителната министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, целта на овој закон е лицата што не се во матичната книга на родените да се евидентираат во посебна таква книга и да добијат лични документи за да можат да се образуваат, да се лекуваат, да имаат социјална заштита и социјално осигурување. Тие дополнително ќе бидат заведени во матичната книга на родените и ќе го добијат својот прв извод.

Прочитајте и...  Димитров: Последниот процес од затворање на македонското прашање ќе бидат билатералните односи и развивање на пријателството со Бугарија

– Проблемот со лицата што не се евидентирани во матичната книга на родени е нотиран одамна, но бил игнориран од надлежните институции. Такви лица, наспроти јавната перцепција, има од сите етнички заедници. Наша определба во изминатиот две и полгодишен период беше дека овие лица, кои најчесто се од најранливите општествени слоеви, не смееме да ги оставиме да живеат на маргините на општеството – рече Шкријељ.

ОБСЕ и УНХЦР го поддржаа решавањето на овој проблем, кој официјално го имаат 700 граѓани во Македонија.

Со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени за првпат се овозможува ако некое лице нема адреса на живеење поради различни причини, како нелегализиран објект или немање имотен лист, тоа да се пријави на адресата на Центарот за социјални работи во местото на нивното живеење.

Прочитај повеќе

Во Њујорк дневно дома умираат и по 200 луѓе кои не се регистрираат

Во Словенија потврдени 36 новозаразени со коронавирусот

Еден случај од Крушено, четири новозаболени во Прилеп

Слободен печат

Афроамериканците се повеќе погодени од корона вирусот. Зошто?

Слободен печат

Дополнителни 30 дена притвор за насилниците од Штип

Слободен печат

Владата ја усвои мерката за посебен режим за движење на лицата со попреченост

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се урна мост во Италија, повреден е возач на камион

Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието

Слободен печат

Бектеши со порака до угостителите: Не ви се точни бројките, првин платете даноци – Ова не е време за уцени, инспекциите ќе продолжат

Слободен печат

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Американците без осигурување нема да го плаќаат лекувањето од коронавирус

Тестовите на вработените негативни, гостиварскиот центар за јавно здравје повторно ќе биде отворен

Слободен печат