Македонец паднал во кома откако се вакцинирал во Србија

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

73-годишен Македонец паднал во кома откако вчера му се слошило по вакцинирањето во Ниш, Србија, потврди директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ, а пренесе српскиот медиум „Јужне вести“.

Во текот на вчерашниот ден на мажот му се слошило по што бил хоспитализиран. Перишиќ вели дека не е позната причината зошто му се влошила состојбата на пациентот, но вели дека тоа не е поради срцеви проблеми.

– Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени, вели Перишиќ.

Додава дека во зависност од здравствената состојба на пациентот ќе се направи и дополнителна дијагностика.

Во текот на викендов поголем број македонски граѓани се вакцинираа во Србија. Во саботата во Ниш започна и вакцинирањето на бизнисмените од регионов како резултат на договорот меѓу стопанските комори.

Организацијата за вакцинирање ја води Здравствениот дом од Ниш, а директорот Милорад Јеркан првично за случајот со македонскиот пациент рече дека му се слошило поради премореност.

Како што информираат „Јужне вести“, освен овој случај, друг застој во процесот на имунизација немало и дека во Ниш се вакцинирани околу 4 000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот