Мајката на Северина: Маријана дојде од нигде-никаде, сама се нафрлуваше

Северина и нејзината мајка Ана Вучковиќ
Северина и нејзината мајка Ана Вучковиќ / Фото: Инстаграм, Северина Вучковиќ

Откако попладнево хрватската полиција ја уапси поп-пејачката Северина Вучковиќ, нејзината мајка Ана Вучковиќ даде изјава за „Вечерњи лист“.

„Маријана се појави од нигде-никаде и сама се нафрлуваше. Не ѝ е првпат сама да ја пријави сестра ѝ“, споделила Ана Вучковиќ за хрватскиот медиум.

Како потсетување, причината за приведувањето на Северина била жестоката караница и тепачка во домот на мајката на пејачката, каде што се степала со сестра ѝ Маријана.

Според пријавата на сестра ѝ, Северина ѝ се нафрлила пред очите на нивната мајка во еден часот по полноќ, при што жестоко се бореле и удирале по целиот стан. По тепачката, Северина заминала од станот, а Маријана се упатила во болница, каде што ѝ била укажана лекарска помош за лесни повреди.

Северина била приведена на загрепскиот аеродром, 12 часа по инцидентот, потврди нејзиниот адвокат Мате Матиќ за хрватскиот медиум „Индекс“.

Полицијата не ја задржала долго Северина, која, според Матиќ, исто така има повреди.

„Се чини дека и Северина има повреди, па и ние ќе поднесеме кривична пријава“, изјави Матиќ.

Скандал во Хрватска: Северина е уапсена во Загреб, се степала со сестра ѝ во станот на нивната мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот