Мајка и дете загинаа во поплавите во Пеќ

Пеќ поплави / Фото Принтскрин

Петгодишно дете и неговата мајка загинаа во синоќешното невреме во косовскиот град Пеќ.
Откако потврди дека се удавило петгодишно дете, косовската полиција соопшти дека без знаци на живот е пронајдена и исчезнатата мајка. Инцидентот се случил во населбата „Аслан Ќешме“.

Градоначалникот на Пеќ Газменд Мухаџери изрази сочувство за смртта на мајката и нејзиното петгодишно дете.

„Ова е сериозна и горчлива ситуација за нашиот град. Во ова тешко време, изразувам сочувство и целосна солидарност. Се надевам дека ќе имаат сила да ја надминат оваа ситуација“, порача Мухаџери на Фејсбук.
Тој додаде дека општинските екипи се на терен и ја следат состојбата предизвикана од поплавите.

Премиерот на Република Косово Албин Курти, реагираше на немилиот настан во Пеќ и преку социјалната мрежа Фејсбук ја изрази својата длабока тага поради оваа трагедија. Тој посочи дека загубата на животи е голем удар за Косово и изрази искрено сочувство до семејствата на жртвите. На повредените им посака брзо закрепнување.

Курти истакна дека Владата на Косово е ангажирана за справување со последиците од поплавите и дека ги мобилизирала своите капацитети во соработка со Косовските безбедносни сили и Агенцијата за вонредни состојби.

Министерот за одбрана Арменд Мехај, министерот за внатрешни работи Џелал Свечља и министерот за локална самоуправа Ељберт Красниќи се во контакт со општина Пеќ со цел да се координираат активностите и да се обезбеди потребната поддршка.

Курти истакна дека Владата ќе вложи напори за разрешување на ситуацијата и ќе ја даде сета потребна поддршка за граѓаните погодени од поплавите. Тој вети дека Владата и надлежните институции ќе се ангажираат на терен за да им се пружи помош и поддршка на ранливите подрачја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот