Мајк Тајсон, EPA-EFE/Peter Foley

Мајк Тајсон откри кој е боксерот со најсилен удар: Џорџ Форман

Кога го прашале кој е боксерот со најсилен удар во историјата Мајк не се двоумел

Многумина го сметаат Мајк Тајсон (58) за боксерот со најсилен удар во историјата, но самиот тој на тоа гледа поинаку.

Железниот Мајк останува најмладиот шампион во тешка категорија во историјата, откако стана шампион во верзијата ВБЦ на 20-годишна возраст, ви историската серија во која ги нокаутира сите противници, освен еден, на патот до светската титула во 1986 година.

Кога го прашале кој е боксерот со најсилен удар во историјата Мајк не се двоумел.

– Тоа е Џорџ Форман. Не можам да се споредам со моќта на некој кој е толку голем и толку силен. Единственото нешто што мене ме направи успешен е тоа што бев побрз од другите момци – изјави Тајсон.

Џорџ Форман, EPA/CHRISTIAN CHARISIUS

Форман (76), како и Тајсон, имаше речиси натприродна моќ во тупаниците. Сите 76 победи на Форман, освен осум, беа постигнати со нокаут.

Од тие осум победи што олимпискиот златен медалист не ги извојува со нокаут, пет дојдоа по неговиот 40. роденден, покажувајќи ја моќта што ја имал во своите најдобри години.

Најпознатиот пораз на Форман беше иронично неговиот прв. Откако ја започна својата професионална кариера со 40-0, вклучително и победата за титулата во тешка категорија над Џо Фрејзер, тој загуби од Мухамед Али во мечот во Заир (1974), при што Али победи во осмата рунда со нокаут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот