Лукаревска: Во СДСМ во моментов се прави предлагање на претседателски кандидат и кандидати за пратеници

Сања Лукаревска, потпретседател на СДСМ/Фото: Методи Здравев

Сања Лукаревска заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП вели дека тие се основоположници на Европскиот фронт и ги отвораат вратите за сите партии на кои што ЕУ- агендата ќе им биде приоритет.

-Ние сме осноположник на Европскиот фронт, таа е наша идеја, наша замисла и ги отвораме вратите за сите политички партии на кои што ЕУ- агендата ќе им биде симболика во рамки на целиот процес на изборна кампања и реализација во мандатот- изјави Лукаревска во вестите на Сител Телевизија.

Таа информираше дека во моментот во СДСМ се прави предлагање на претседателски кандидат и кандидати за пратеници.

-Став конкретен, конечен или поделен се уште нема. На оваа коалиција која во моментов е во владата, европската агенда ќе и биде на прво -рече  Лукаревска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот