Лукаревска вели дека уставните измени се „тешка државничка одлука“, ама очекува да поминат

Фото: Фејсбук

„На граѓаните во моментов им е најмногу потребна ЕУ перспективата. Лидерската средба ќе има дебатен карактер. Секоја сериозна политичка партија треба да биде дел од дебатата во понеделник“, вели потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска.

Според неа, парламентарното мнозинство е стабилно и тоа е потврдено во повеќе наврати.

-Редовните избори ќе бидат во 2024 година. Ако во ова кризно време зборуваме за предвремени избори, сметам дека воопшто не е дојдено за такво нешто. Имаме енергетска и економска криза и треба да се справиме со неа, рече Лукаревска во дневникот на ТВ Сител.

За евентуалните уставни измени, Лукаревска вели дека „секогаш борела дека треба да дебатираме со партиите на ниво на идеи и предлози“.

-Имам кажано дека прогресивните сили ќе навладеат и ќе го отвориме европскиот пат. Европската перспектива треба да биде пред се и над се. Оптимист сум и очекувмм дека оваа тешка државничка одлука ќе ја донесеме, рече потпретседателката на СДСМ.

САЊА ЛУКАРЕВСКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот