Лудило за празничен шопинг во Словенија

Љубљана, Словенија / Фото: Unsolash

Многу луѓе деновите пред празничниот викенд ги поминуваат во продавници и трговски центри обидувајќи се да ги купат последните подароци и храна за празниците. Некои луѓе кои не сакаат гужви претпочитаат да купуваат онлајн.

Ги прашавме трговските центри низ земјата дали забележуваат зголемен сообраќај во нивните продавници и дали подароците нарачани преку Интернет ќе пристигнат на време, коментира Н1 Словенија.

„Изминатите години не научија дека несомнено ќе има зголемен број на посетители во делот за храна на Бадник или од самото утро. Во ова време, луѓето купуваат празнични вечери и ручеци, што главно значи поголеми набавки на намирници. Бидејќи и ден по Божиќ е празник и дуќаните ќе бидат затворени, луѓето ќе се погрижат и во понеделник да не останат без добра“, потсетија трговците.

„По две години посетителите можат да купуваат божиќни и новогодишни подароци без пандемични ограничувања, така што се и порелаксирани и посреќни. Во ноември, околу четвртина од потрошувачите веќе купиле подароци, особено на црниот петок, повеќе од половина почнале да купуваат во декември, а врвот на купувањето го очекуваме во наредните денови“, додаваат трговците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот