Лондон го укина задолжителното носење маски во јавниот транспорт

Јавен превоз Лондон/ Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Патниците кои ја користат лондонската транспортна мрежа повеќе нема да мора да носат маски за лице од 24 февруари, но препораката за нивно носење останува валидна, соопшти денеска Транспортот за Лондон (TFL).

„Задолжителното носење маски за лице повеќе нема да биде услов за транспорт од 24 февруари, но на патниците и на персоналот топло ќе им се препорача да ги носат доколку се во можност“, се вели во соопштението на ТФЛ, пренесува Ројтерс.

Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот во Парламентот ја објави одлуката за укинување на сите преостанати епидемиолошки мерки воведени во Англија за борба против корона вирусот.

Исто така, донесена е одлука луѓето кои се позитивни на корона вирусот повеќе да не мора да одат во задолжителна самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот