
Љупчо Марковски-Калц, Мишко Барзов и Тони Симиќ меѓу носителите на листи на ЗНАМ во скопските општини
Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“ на денешната прес-конференција ги соопшти носителите на советничките листи за претстојните локални избори во скопските општини и во градот Скопје. Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов рече дека владејачката партија „ја претвора довербата на народот во силни советнички листи, како и во конкретни програми, проекти и одлуки што носат вистинска промена“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој ги соопшти носителите на советничките листи во скопските општини:
-за носител на листата во Аеродром, предложен е Љупчо Марковски Калц, поранешен капитен на фудбалската репрезентација на Македонија и член на златната шампионска генерација на Вардар;

-за носител во Центар е предложен Крумислав Мишко Барзов, магистер по спортски менаџмент, член на европскотo жири за автомобил на годината и еден од најистакнатите автомобилски ентузијасти во државата;
-за носител во Карпош е предложен проф. д-р Јасмин Циривири, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, врвен хирург ортопед во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје;
– за носител во Бутел е предложен Ѓорѓи Станко Чековски, член на кошаркарската репрезентација на Македонија и дел од тимовите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“;
-за носител во Гази Баба е предложен Зоран Доневски, пензиониран началник во полицијата, дипломиран економист, почитуван и познат помеѓу граѓаните на Гази Баба како чесен и професионален во неговата кариера;
– за носител во Ѓорче Петров предложен е Тони Симиќ, легендарен центар на кошаркарската репрезентација на Македонија и омилен играч на тимовите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“;
-за носител во Кисела Вода предложен е Сашо Петровски, дипломиран економист, истакнат приватен стопанственик;
-за носител во Чаир предложен е Николче Наумов, дипломиран правник, докажан експерт од областа на кривичното право, истакнат адвокат кој ќе биде коректор на одлуките и гарант на законитоста во работењето на Општина Чаир – соопшти Мемов.
Извршниот одбор, рече Мемов, донел одлука за поддршка на натпартискиот кандидат за градоначалник на Општина Кочани – д-р Влатко Грозданов“.
„Во градот Скопје ќе настапиме со силна листа, предводена од Генерал Горанчо Котески, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ. Човек кој целиот свој живот го посвети на одбраната и безбедноста на државата, човек кој ја носеше униформата со чест и достоинство. Денес, тој ја носи визијата за развој на нашиот главен град – срцето на Македонија, градот кој ги собира сите бои, култури и генерации“, рече Мемов.

На листата се предложени и:
– д-р Лилјана Којиќ, директор на Здравствен дом „Железара“
– Виктор Јовановски, Член на УО и директор на секторот за комерција во ЕСМ;
– Д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската Клиника за физикална медицина и рехабилитација;
– Марин Докузовски, истакнат спортски работник, селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија и тренер на „Работнички“;
– Игор Трајановски, доктор на општествени науки, Генерален директор на АД „Аеродроми на Македонија – рече Мемов додавајќи дека тоа е најсилниот доказ за суштината и пристапот на ЗНАМ во политиката, соопшти Мемов.