Љубе Бошкоски бара да се ослободи Горан Стојков

Партијата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија, бара ослободување на екскомандантот на единицата „Лавови“, Горан Стојков.

Од Обединети за Македонија за апсењето на поранешниот командант на расформираната полициска единица велат дека се „крајно изненадени од двојните аршини“ и оти тоа „асоцира на селективност“.

„Апелираме до правните лица кои го водат случајот, истиот да биде отворен повторно, бидеќи процесот е започнат во 2013 година за време на режимското владеење на бегалецот Груевски. Не смееме да дозволиме ниту еден бранител и патриот да ги трпи последиците од едно режимско владеење“, стои во дописот од Обединети за Македонија.

Стојков беше уапсен вчера. Тој бил баран за одлежување на една година казна затвор за дело од 2001 година.

Стојков во 2016 одлежа затворска казна од три години и три месеци за случајот „Шпион“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот